На 14 октомври 2025 година, во Скопје се одржа работилница посветена на глобалните стандарди и индикатори за училишта што промовираат здравје, развиени од Светската здравствена организација.
Настанот беше организиран од Светската здравствена организација – Канцеларија во Северна Македонија, во соработка со Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Институтот за јавно здравје и Бирото за развој на образованието.
Работилницата претставуваше важна можност за заедничка дискусија меѓу претставници на релевантните институции, стручната јавност и партнерските организации, со цел да се разгледаат постојните национални практики во областа на здравјето во училиштата и да се процени нивната усогласеност со глобалните стандарди.
Во рамки на работилницата, учесниците работеа на бенчмаркинг на исполнетоста на глобалните стандарди, идентификување на силните страни и можностите за подобрување, како и на поставување основа за изработка на национален акциски план за адаптација и примена на стандардите во локален контекст.
Овој процес претставува значаен чекор кон создавање училишни средини кои системски го поддржуваат здравјето, безбедноста, добросостојбата и инклузивниот развој на сите ученици.
За ЕдуСкилс, учеството во вакви процеси е од особено значење, бидејќи ја потврдува нашата посветеност кон развој на современи образовни пристапи што ги поврзуваат образованието, здравјето, превенцијата и личниот развој на учениците.
Заеднички придонесуваме кон визијата за здрави, безбедни и инклузивни училишта во Северна Македонија.
ЕдуСкилс – образование во функција на здравјето, благосостојбата и развојот на секое дете.
#HealthPromotingSchools #WHONorthMacedonia #EducationAndHealth #EduSkills #УчилиштаШтоПромовираатЗдравје











