Во рамки на иницијативата „Училишта што го унапредуваат здравјето“, беа презентирани реализираните активности од четирите пилот-училишта вклучени во процесот на примена на глобалните стандарди за училишта што промовираат здравје.
Преку подготвените постери, училиштата ги претставија своите активности, искуства и резултати од работата на училишните тимови и ученичките клубови. Постерите овозможија визуелен приказ на различни пристапи за унапредување на здравјето, благосостојбата и квалитетот на училишната средина.
Реализираните активности беа презентирани пред министерот за образование и наука, министерот за здравство, претставници на Светската здравствена организација, како и пред други институции, партнери и поддржувачи посветени на унапредување на здравјето и добросостојбата на учениците во училишната средина.
Активностите опфатија теми поврзани со здрава исхрана, физичко здравје, ментално здравје, превенција од насилство, инклузивна средина, екологија и здрави животни навики. Особено значајно беше тоа што учениците имаа активна улога во планирањето, реализацијата и промоцијата на активностите, со што се поттикна нивната одговорност, креативност и свесност за значењето на здравјето.
Презентацијата на постерите претставуваше можност за размена на добри практики меѓу училиштата, наставниците, учениците и партнерите, како и за препознавање на успешните примери кои можат да бидат инспирација за идни активности.
Овие активности уште еднаш покажаа дека училиштето може да биде простор каде здравјето, образованието, поддршката и активното ученичко учество се развиваат заедно.
Заеднички градиме училишта што го унапредуваат здравјето и создаваат подобри услови за раст и развој на секое дете.











