Проектот „Код за иднината – Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“ отвори ново поглавје во промоцијата на дигиталните компетенции, кодирањето и вештачката интелигенција во образованието, како дел од европската иницијатива EU Code Week, со поддршка од JA Europe и Европската комисија.
Настанот беше посветен на европските вредности, дигиталната трансформација, кодирањето, вештачката интелигенција и улогата на наставниците и училиштата во создавањето современо образование за иднината.
Особена чест беше присуството на заменик министерката за европски прашања, г-ѓа Viktorija Trajkov, чија поддршка претставува силна порака дека дигиталните компетенции, иновациите и образованието се важен дел од европската иднина на нашата држава.
Во рамки на настанот беа доделени признанија на најуспешните и најпосветените наставници и училишта, кои со својата работа, креативност и посветеност дадоа значаен придонес во имплементацијата на EU Code Week активностите со наставниците и учениците.
Благодарност до сите учесници, наставници, училишта, партнери и поддржувачи кои беа дел од оваа убава образовна приказна.
Продолжуваме заедно да ја кодираме европската иднина на образованието со знаење, дигитални вештини, иновации и посветеност.




