Во рамки на проектот „Code for Future: AI and Digital Skills Hub“, поддржан преку EU Code Week International Grants for Grassroots Coding Projects 2025, успешно беа реализирани обуки за наставници посветени на развој на дигитални вештини, кодирање и примена на вештачката интелигенција во образованието.
Обуките имаа за цел да ги зајакнат компетенциите на наставниците за користење современи дигитални алатки и иновативни пристапи во наставата, со посебен фокус на Scratch, основи на Python, AI писменост, роботика, проектно учење и одговорна употреба на технологијата.
Наставниците имаа можност преку практични активности, примери и размена на искуства да се запознаат со начини како кодирањето и вештачката интелигенција можат да се интегрираат во наставниот процес и да ја поттикнат креативноста, критичкото размислување и љубопитноста кај учениците.
Со реализирањето на овие обуки се создава основа за понатамошно ширење на активностите во училиштата, развој на мрежа на наставници-лидери и поголема вклученост на учениците во STEM, кодирање и дигитално учење.
ЕдуСкилс продолжува посветено да работи на унапредување на дигиталното образование и создавање можности за наставниците и учениците да бидат активни учесници во дигиталната иднина.
#EUCodeWeek #CodeForFuture #EduSkills #DigitalSkills #AIinEducation #STEMEducation #Coding





